ЦИА смета дека убиството на новинарот од Саудиска Арабија, Џемал Кашоги, зад кое американската агенција се сомнева дека стои принцот во оваа земја Мухамед бин Салман, е желбата за создавање на атомска бомба.
Американските известувачки служби уште пред убиството на Кашоги се сомневале дека принцот има желба својата земја да ја вооружува со оружје кое има разорувачка моќ.
Саудиска Арабија води преговори со САД, за да ја наведат американската влада да и продаде технологија за изградба на нуклеарни централи, пишува „Њујорк Тајмс“.
Но, Саудијците во преговорите инсистирале самите да си го произведат нуклеарното гориво, нешто што предизвикало загриженост кај одговорните лица во Вашингтон.
САД смета дека Ријад би можеле горивото да го пренасочат во тајна програма за производство на нуклеарно оружје. Ова го велат извори од американската администрација, кои се запознаени со преговорите.
Тоа е токму она од што САД и нејзините сојузници стравуваат, дека Иран го правеше пред договорот во 2015 година. Во Ријад тврдат дека нуклеарната технологија ќе ја користат за мировни цели.
Сепак принцот Мухамед го вклучи алармот, кога на почетокот на оваа година изјави дека ако Иран произведе нуклеарно оружје, тоа ќе го направи и Саудиска Арабија, колку е можно побрзо.
Неговите преговарачи на чело со министерот за енергетика Халид ал Фалих, предизвикале дополнителна грижа, откако изјавиле дека на инспекторите во ОН, нема да им дозволат да проверуваат ако се посомневаат дека на некоја локација во пустинското кралство се работи на производство на атомска бомба.
Њујорк тајмс констатира дека сега се отворило уште едно прашање. Дали на властите во Ријад, чии луѓе го убија Кашоги, а кои во повеќе наврати ја менуваа верзијата на злосторот, сега може да им се верува кога се работи за нуклеарното гориво и технологија?
„Една работа е да им продаваме авиони, а друга атомска бомба или капацитети за тие ги произведуваат“, изјавил конгресманот Бред Шерман, демократ во надворешно политичкиот одбор на Претставничкиот дом.
„Земјите на кои не може да им се верува кога се работи за тостери, не би смеело да им се верува ни кога станува збор за нуклеарно оружје“, изјавил Бред, алудирајќи на бруталното убиство на Кашоги во конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул.
Саудиска Арабија веќе долго време е заинтересирана да дојде во посед, или пак да им овозможи на своите сојузници да ја стекнат основната програма која би можело да доведе до производство на нуклеарно оружје, пишува „Њујорк тајмс“.
Саудијците своевремено ја финансирале пакистанската тајна нуклеарна програма. Поради таа врска, американските известувачки служби се прашуваат што е тоа што Ријад може да го очекува за возврат. Односно дали на Саудиска Арабија, ако ѝ е потребен сопствен нуклеарен арсенал, Пакистан тоа би му го обезбедил.
Саудијците размислуваат за начинот на употреба на нуклеарното оружје, па уште во 1998 година, од Кина купиле ракети со среден домет, кои можат да бидат опремени и во нуклеарни боеви глави.
Експертите велат дека Ријад сака да изгради дури 16 атомски централи во наредните 20 до 25 години, вредни повеќе од 80 милијарди долари.
Неодамна ваквите амбиции се намалиле на само две, кои би биле изградени со технологија од американскиот „Вестингхаус“, а веројатно би биле произведени во Јужна Кореја.
„Њујорк тајмс“ пишува дека Саудиска Арабија има големи богатства на руда, на ураниум, како и пет центри за нуклеарни истражувања со бројна и експертска работна сила. Министерот Ал Фалих укажа на ваквото рудно богатство и на намерата на неговата земја да го развива.
„Не е природно да увезуваме збогатен ураниум“, порача Фалих.
Американскиот секретар за енергија Рик Пери, кој ги води преговорите со Саудијците, во март пред конгресмените избегна одговор на прашањето дали администрацијата на Трамп ќе инсистира на Ријад да не му дозволи производство на нуклеарно гориво. Осум месеци потоа, во Вашигнтон и понатаму не одговараат дали преговорите се прекинати, пренесува Њујорк Тајмс.