(Видео) Русите тестираа противсателитска ракета, почнува повторно војната во вселената со САД

Во моментот на сè позатегнатите односи меѓу Москва и Вашингтон, кога се суспендирани речиси сите договори за ограничување на стратешкото нуклеарно оружје, двете велесили продолжија со тестовите и тестирањата на хиперсонични ракети. САД дури тестира и антибалистичка заштита.

Руската армија тоа го направи во моментот кога во јавноста излезе военото списание „Воена мисла“. Последниот број беше објавен само за тоа како Русија повторно почнува да развива антисателитско оружје.

Од почетокот на војната, пред речиси година дена и Димитри Рогозин, поранешниот директор на Роскосмос и Дмитриј Медведев, заменик претседател на Советот за безбедност на Русија, во повеќе наврати побараа низ медиумите да се почне во соборување на комерцијалните сателити, затоа што доставуваат известувачки податоци од украинска страна.

Подоцна се испоставило во случајот на Медведев дека тоа била лажна вест, која била подметната, но без разлика на медиумската пропаганда, Русија го обнови развојот на противсателитското оружје.

Така наводно на полигонот Плесецк, кој се наоѓа на 800 километри од Москва, повторно е тестиран ракетниот систем А-235.

„A-235 PL-19 nudol“ е руски систем против балистички ракети и противсателитско вооружување. Конструиран е за да одбие нуклеарен напад врз Москва и важните индустриски региони, само што наместо нуклеарки, може да се користат и конвенционлани боеви глави.

Овој антисателитски систем е поврзан со радари за надзор со долг дострел „don-2N/2NP/5N20P“ со ажуриран софтвер. Се состоси од три нивоа на воено делување.

Структурата вклучува проектил со долг дострел базиран на PRO A-925/51T6, способен да погоди цели на растојание од 1.500 километри и на надморска височина до 800.000 метри.

За оној со среден дострел се користи ракетата 58R6 дизајнирана да погоди цели на оддалеченост од илјадници километри и на надморска височина до 120 илјади метри.

За краток дострел се користат ракети 53T6M со дострел од 350 километри и надморска височина до 50.000 м. Ракетите со долг дострел имаат нуклеарна боева глава, додека за среден и пократок дострел имаат боева глава за кинетичката енергија за уништување сателити.

Првите приказни за про-сателитско оружје започнаа во 2014 година, кога беше обелоденето тестирањето на ракетите за системот А-235 Самаљот М – подоцна наречен Нудољ.

Целта беше да се заменат постојните ракетни пресретнувачи А-135 Амур кои се распоредени како дел од противракетниот штит околу Москва и го покриваат целиот индустриски регион од Брјанск до Кострома.

Русија всушност го започна развојот на овој систем со цел да добие висококвалитетен пресретнувач кој би бил еквивалентен на американскиот противракетен систем THAAD.

Инаку, со договорот за ограничување на количеството на антибалистички ракети, кој беше потпишан во 1972 година, двете страни се обврзаа да распоредат најмногу два противракетни системи лоцирани во близина на главните градови на двете земји. Наскоро флотата на пресретнувачи беше сведена на еден систем. Русија ги распореди своите системи за противракетна одбрана против интерконтинентални балистички ракети во близина на Москва, додека САД во базата Гранд Фокс во Северна Дакота, која неодамна беше прелетана од кинески извидувачки балон.

Засега не се објавени информации за тоа кога точно системот А-235 ќе ја заштити Москва. Исто така, за воена тајна беа прогласени и основните параметри на системот за противракетна одбрана. За поставување на противракетни ракети, за него е развиен нов мотор и најнова електроника.

Инаку, ова не беше првпат Русија да тестира антисателитско оружје, нешто што веќе подолго време ги загрижува САД. На 16 ноември 2021 година, САД алармираа дека Русија тестирала антисателитско оружје. Објавија дека го лансирале сателитот Косомос-1408, во 1982 година кој подоцна беше разнесен во вселената.

Оваа вест најпрвин ја објави американската вселенска команда, а потоа следеше бран соопштенија. Сето тоа заврши изјавите на американскиот државен секретар Ентони Блинкен, кој предупреди на непромисленоста на Русија, поради што космосот е преполн со, како што објасни, 1.500 делови кои ја влошуваат работата на американските комерцијални и воени сателити.

Интересно беше и тоа што вчера остана незабележана веста дека на космонаутите им било наредено да се префрлат во вселенскиот брод Сојуз МС-19, бидејќи опасно парче вселенски отпад требало да прелета покрај Меѓународната вселенска станица. Малку подоцна се покажа дека оваа количина на отпад е поврзана со ова тестирање.

„Руската Федерација непромислено изврши деструктивен сателитски тест со антисателитска ракета против еден од нејзините сателити“, рече портпаролот на Стејт департментот Нед Прајс, потврдувајќи дека сателитот го уништил ASAT.

Од друга страна, руската вселенска агенција Роскосмос го минимизираше значењето на инцидентот.

„Орбитата на објектот, кој денеска го принуди екипажот да се префрли во леталото според стандардните процедури, се оддалечи од орбитата на Меѓународната вселенска станица. Таа сега е во зелената зона“, напишаа од агенцијата на „Твитер“.

Извор: Курир.рс

Scroll to Top