Брзи солени мафини готови за трисет минути

Направете меки и вкусни мафини кои можете да ги јадете за појадок, ужина или вечера.

Состојки:
4 јајца, 200 мл јогурт, 200 мл масло, 300 гр брашно, млад кромид, блитва или една рака спанаќ, прашак за пециво и сол.

Подготовка: Измешајте ги брашното, јајцата, маслото, јогуртот и прашакот за пециво и сè убаво изматете. Додадете сол. Младиот кромид и блитвата исечкајте ги и ставете ги во смесата. Полека ставете ја смесата во калапите и печете ги мафините во загреана рерна на 180 степени околу 30 минути. 





		
		
			
Scroll to Top