Комбухата е јапонска чајна габа, која живее во хранлив раствор од зелен чај и шеќер и во него кој постојано се размножува. При ферментација создава млечна и глукоронска киселина, витамин Ц и Б, аминокиселини и антибиотски состојки со лековито дејство. Ја прочистува крвта и го регенерира црниот дроб.
Комбухата може да се користи како дополнителна терапија на детоксикација на преку 200 штетни соединенија, по прекумерна употреба на алкохол, покачен холестерол, оштетување на слузокожата на желудникот, тромбоза, депресија, артроза, артритис и друго.
Освен за подобрување на имунитетот и целокупното здравје, се користи за побрзо закрепнување на организмот по зголемени физички и психички напори. Таа ги зголемува работоспособноста и концентрацијата. Во голема мера го подобрува расположението, го забавува создавањето брчки, го зголемува квалитетот на косата и помага во нејзиниот раст.