Пилешка бајадера готова за половина час

Состојки: 1кг. бело пилешко месо, 2-3 лажици сенф, 2 лажички зачини, 200 гр. рендан кашкавал, 150-200 гр суво месо, 150 гр кашкавал на листови

Прелив: 2 јајца, 1 чаша кисела павлака – 180 гр

Подготовка: Белото месо исечкајте го на две шницли (на ист начин пресечете го целото бело месо), наредете во намрсено тавче, посипете со зачини и премачкајте со сенф. Над сенфот ставете рендан кашкавал и врз кашкавалот наредете го сувото месо. Наредете го кашкавалот на листовите над сувото месо.

Прелив: изматете ги јајцата (со вилушка само да се соединат јајцата) потоа додадете ја павлаката, полијте ја бајадерата, покријте ја со фолија и печете на 200 C 30 минути, потоа извадете ја фолијата и печете уште 15 минути за да добие убава црвена кора.

Scroll to Top