Рецепт за гурмански потпечени пиперки

Рецепт за гурмански полнети пиперки. Основа за подготовка на овој рецепт се 6 црвени пиперки.
Останати неопходни намирници се: 250 гр сирење, 2 јајца, 2 лажици печен сусам, 2 лажици гриз, малку магдонос, мелен бибер, 4 чешниња мелен лук, 100 гр сечкана шунка и малку сечкана сланина.

Подготовка: Сирењето се дроби со вилушка и се додаваат јајцата, сусамот, гризот, магдоносот, мелениот бибер, по желба, лукот, сечканата шунка и сланина и сето тоа се меша. Пиперката исечете ја на половина по должина и наредете ги во намрсена тава. Ставете од подготвената смеса врз пиперката, а одозгора наредете ситно сечканата сланина. Печете на 220 степени, околу 30 минути.


Scroll to Top