Состојки:
(за 3 лица)
– 3 црвени пиперки
– 200 гр свежо сирење
– 50 гр крем сирење
– 50 гр павлака
– 1 чешне сечкан лук
– 1/2 лажичка сол
– 1/4 лажичка пиперка
– 1 лажица сечкан магдонос
– маслиново масло
Подготовка:
Измијте ги пиперките, исечете ги врвовите и извадете ги семките. Добро исушете.
Измешајте ги сите состојки за филот.
Наполнете ги пиперките и ставете ги во сад за печење подмачкан со масло. Печете ги еден час на 200 степени, 30 минути од едната и 30 минути од другата страна.
Извадете ги во чинија и излупете ги. Додадете малку сол и бибер и посипете со маслиново масло.