Здравите оброци на Јелена Ѓоковиќ

By

Сопругата на еден од најдобрите тенисери на денешницата Новак Ѓоковиќ секогаш истакнува колку се важни здравиот начин на живот и правилната исхрана. Таа се придржува до тоа правило поради нејзиното здравје. Јелена е совршено витка, а ја држи линијата со оброците кои сама ги подготвува. Нејзиниот инстаграм-профил е и можност да ги покаже своите кулинарски способности.

dobivaj vesti na viber

Јелена очигледно претпочита да подготвува едноставни оброци за кои не е потребно премногу време или искуство, но најважно е што се вкусни и полни со хранливи материи.

Оброк за појадок составен од овесна каша, семе од коноп, афион, каму каму (овошје налик на цреша), коприва, путер од бадем, цимет, какао, банана, јагоди, боровинки и кокосово млеко.

Можеби ова не е најдобриот пример за појадок што би можеле да го направите сами дома, бидејќи ние не ги користиме повеќето од овие намирници или не можеме да ги најдеме ни на нашиот пазар. Сепак, она што можете да го научите од Јелена и Новак е дека месото, толку вообичаено на нашиот пазар, не мора секогаш да биде прв избор за ручек.

За оние кои би сакале да вклучат повеќе зеленчук во исхраната, овој рецепт на Јелена Ѓоковиќ би можел да биде совршен.

Моркови и пашканат, малку свежо исцеден сок од портокал вака подготвеното јадење се става во релна малку да добие боја. Потоа се става путер од сусам или таан, преку него се става пржен сусам и коприва.

 



Ќе ви се допадне

https://go88.gg/

https://sunwin.gg/