Лепчиња во рерна

Лепчињата во рерна може да ги јадете за појадок, како ужинка или за вечера. Се подготвуваат за 15 минути.

Потребни состојки:

8-10 парчиња сув леб
2 јајца
150гр кисела павлака
100гр сирење
по желба сусам и оригано

Начин на подготовка:

Јајцата, павлаката и сирењето изматете ги, па ставете ги преку парчињата со леб. Одозгора ставете сусам и оригано по вкус. Така подготвени, печете ги 10 минути во рерна. Послужете ги топли.

Scroll to Top