Домашни еклери

Потребни состојки:

½ шолја масло
1 шолја вода
1 шолја брашно
1 пакетче прашок за пециво
4 јајца

За филот:

½ л млеко
4+3 лажици шеќер
2 јајца
2 пакетчиња ванилин шеќер
2 полни лажици брашно
125 г маргарин со вкус на путер + 2 лажици шеќер во прав

Начин на подготовка:

Ставете ги маслото и водата да зовријат и нека врие уште некои 2 минути. Во зовриената течност додавајте го брашното и енергично мешајте додека не се собери. Тргнете го садот од оган, додадете го пецивото и оставете смесата потполно да се излади. Во изладената смеса миксирајте ги јајцата, така што ќе ги додавате едно по едно. Направете ги еклерите така што со лажица ќе ставате по 2 купчиња едно до друго, а одозгора ќе ги израмните малку за да добијат облик на еклер или со шприц за тулумби. Печете во загреана рерна на 250С првите 10 минути, потоа смалете ја температурата на 150С и печете уште 20 мин. Додека се печат еклерите рерната не смее да се отвора. Напрацвете го филот така што млекото и четирите лажици шеќер ќе ги оставите да зовријат. Во млекото додадете ја смесата од брашно, јајца, ванилата и останатите 3 лажици шеќер што ќе ги споите со жица (никако со миксер). Сварете крем и се оставете да се излади. Со остинатиот крем наполнете ги еклерите.

За уникатен вкус, во филот можете да додадете јагоди, боровница, кокос или кафе.

Scroll to Top