Пилешка салата со пченка

Потребни состојки:

300 гр пилешко бело месо
6 кисели краставички
250 гр пченка од конзерва
200 гр мајонез
2 лажици кисела павлака

Начин на подготовка:

Пилешкото месо исечкајте го на коцкички, посолете го, посипете го со црн пипер и пропржете го на малку масло. Оставете го да се излади и потоа помешајте го со пченката од конзерва, која претходно убаво сте ја исцедиле. Додадете ги ситно сечканите кисели краставички, мајонезот и киселата павлака. Ставете ја салатата во фрижидер малку да се излади, па послужете ја.

Scroll to Top