Погача со јогурт

Потребно:

200 гр. кисело млеко

250 мл. јогурт

10 гр. сода

1 лажичка сол

450 гр. бело брашно

За наросување – сусам, сол, оригано

Подготовка:

  1. Сите состојки се мешаат со миксер.
  2. Тава за печење со бр. 28 се намрсува со малку масло или маргарин.
  3. Со лажица се вади од тестото и се редат формички во тавата.
  4. Се пече во загреана рерна на 180 степени околу 25 минути, тестото треба убаво да порумени.
  5. Откако ќе го испечете извадете го и покријте го со крпа и најлон за да омекне.
  6. Послужете со кисело млеко, јогурт, сирење.
Scroll to Top