Двата македонски филма не исполнуваат услови за кандидат за Оскар

Ниту еден од пријавените филмови не ги исполнува естетските и наративните критериуми за да биде македонски кандидат за Оскар, од неанглиско говорно подрачје, одлучи Комисијата за избор на македонски кандидат за Оскар.

Како што соопшти Друштвото на филмски работници, Комисијата одлучила дека ниту еден од пријавените кандидати, „Кога денот немаше име“ на Теона Стругар Митевска и „Златната петорка“ на Горан Тренчовски не може да ја претставува Македонија во трката за Оскар од неанглиско говорно подрачје.

Scroll to Top