Ако сакате благи работи, а внимавате на линијата, овие палачинки ќе ги обожавате.
Се спремаат само од две состојки, не содржат шеќер и вештачки засладувачи, како ни брашно, ни млечни производи.
Еве како да ги направите:
-1 зрела банана
-2 јајца
На почеток со виљушка испасирајте ја бананата. Матете ги јајцата, па соединете ги со овошјето. Секако, по желба можете да ставите различни состојки како мед, цимет, бадем, кокос.