Ербас авионот Belug XL за првпат денеска полета во Франција, а кружел на небото на југозападот од земјата.
Наследникот на Ербас Белуг е препознатлив по предниот дел, кој сега уште повеќе наликува на кит.
Супертранспортерот е еден од најголемите авиони на светот, а од својот претходник е подолг за шест метри и поширок за еден метар.
Полетал од Бланјака во Тулуз, со што го почна пробниот период од 10 месеци. По тоа, леталото ќе има и комерцијални летови.
Авионите од серијата Белуг главно се користат за транспорт на авионски крила од фабрилата до локацијата каде што се склопуваат деловите.
Компанијата Ербас соопштила дека ова летало е едно од 5-те кои ќе се најдат во употреба од 2019 година.