Американската војска молчи за ударот на метеор во близина на нивната база

На крајот на јули, метеор тежок повеќе од два килотони, паднал на Гренланд во близина на американската воздушна база, но никој од официјалните лица не го споменал овој настан во јавноста.

Лабораторијата на НАСА потврди дека на 25 јули, објектот со неодредена големина паднал на Гренланд, 43 километри северно од американската воздушна база Тулеа.

Директорот на Nuclear Information Project at the Federation of American Scientists Ханс Кристенсен, ја објавил оваа вест на својот Твитер-профил, но Воздухопловството на САД, досега го нема пријавено настанот.

Кристенсен тврди дека е загрижувачко што не постои јавно предупредување од владата за овој инцидент, пренесува Њујорк Пост.

„Доколку метеорот влегол во атмосферата под поголем агол, силината на ударот би била значително поголема“, објаснил Кристенсен.

Научникот потсетил на примерот на метеорот кој на 15 февруари 2013 година ја погоди областа Челјабинск во Русија. Тој метеор бил со големина на куќа, посветол од Сонцето и видлив речиси на 100 километри оддалеченост.

 

 

Scroll to Top