Потребни состојки: 400 гр мешан тврд кашкавал, 2 јајца, 4 лажици брашно, 4 лажици лебни трошки, масло за јадење
Начин на приготвување:
Кашкавалот го сечеме на 4 парчиња по отприлика 100 грама.
Јајцата се матат со 1 лажица вода.
Секое парче кашкавал се потопува најпрво во вода, потоа убаво се поминува од сите страни во брашно, следно во јајцата и на крај во лебни трошки.
Приготвените парчиња се оставаат во фрижидер 2 часа да се стегнат.
Ги пржиме во сад со загреано масло. Откако ќе се испржат, се ставаат на салфетка да се впие вишокот на масло
Се сервираат со тартар сос и парчиња лимон.