Потребни состојки:
Суви смокви
200 грама ореви сечкани
200 грама желе
250 грама шеќер
1 ванила
200 грама маргарин
500 грама мелени бисквити
150 грама мелени ореви
рум
сок од портокал
Начин на подготовка:
Сувите смокви се полнат со сечкани ореви и сечкано желе. Прво се ставаат оревите, па желето, па повторно ореви. 250 грама шеќер, 1 чаша вода, 1 ванила и 200 грама маргарин се вари на тивко околу 5 минути. Смесата се трга на страна и во неа се става 500 грама мелени бисквити, 150 грама мелени ореви и по желба малку рум.
Од семесата се прават топчиња и со секоја смоква се обликува како бомбица. Се валкаат во мелени ореви, се ставаат во фрижидер да се стврднат и потоа се сечат на 4 дела.