Потребно:
Едно пакување орео кекси
6 лажички путер
стопени 230 мл крем сир
30 г шеќер
2 лажички ладно млеко
350 мл шлаг
2 пакувања готов пудинг од чоколадо
300 мл ладно млеко
100 г чоколадни трошки
Подготовка:
Дното на плехот премачкајте го со путер. Чоколадниот кекс измелете го или едноставно истрошете го. Додадете го стопениот путер и месете додека не се создаде компактна маса. Ставете ја масата на дното на плехот и ставете ја во фрижидер да се стврдне.
За тоа време во подлабок сад изматете го крем сирот и додадете млеко и шеќер. Мешајте додека не се соедини. Изматете половина шлаг и додадете го на смесата. Прелијте преку корите и вратете го во фрижидер уште 10 минути да се зацврсти.
Пудингот помешајте го со ладното млеко и изматете додека не добиете компактна маса. Прелијте преку филот со шлаг, па повторно вратете го во фрижидер. На крај, премачкајте го остатокот шлаг, истурете чоколадни трошки и послужете.