Потребни состојки:
400мл млака вода
1 лажичка шеќер
1 лажичка куркума
2 лажички сол
1 лажичка оцет
20гр свеж квасец
700-750гр брашно
10гр прашок за печиво
За премачкување:
100мл вода
1 лажица брашно
малку сол
Начин на подготовка:
Измешајте го квасецот со шеќерот и малку вода. Додајте ја куркумата, остатокот од водата и оцетот. Половина од брашното измешајте го со сол и прашок за печиво. Замесете тесто од двете смеси и додавајте ја останатата половина од брашното постепено. Тестото нека отстои 30 минути. Размесете го тестото, исечете триаголници и формирајте кифлички. Оставете ги да нараснат во тепсија, додека рерната се загрева на 200 степени. Сварете ја водата за премачкување и додајте го брашното со солта. Премачкајте ги додека водата е жешка, па печете околу 30 минути. Откако ќе се испечат покријте ги со крпа.