Доколку ви се пријаде пица, а сакате посна, тогаш ова е иделен начин како да ја подготвите.
Од сите состојки замесуваме тесто и потоа го шириме во намрсена тава.
Од горе премачкуваме со кечап, па ставаме од ренданиот посен кашкавал. Нареден чекор е зелечукот, пиперки, домати и печурки.
Печеме во убаво загреана рерна на 200 степени 10 до 15 минути. Кога ќе биде готова наросуваме од горе со малку оригано и песто сос.
Потребни состојки:
- 500 гр брашно
- 100 мл вода
- 1/2 прашок за пециво
- 100мл вода газирана
- 1/2 кафена лажичка сол
- 50-100 гр печурки
- една рака чери доматчиња
- 1-2 пиперки
- 4-5 лажици масло
- 100 гр посен кашкавал