Силен град со големина на тениско топче ја погоди Германија, пренесуваат медиумите. Пет лица се повредени,а целосно е поплавен центарот за вакцинација во Берлин, соопштиле од тамошната полиција. Сите посети во центарот за вакцинација се откажени, пренесува „Асошиетед Прес“.
Полицијата во Берлин објави дека силното невреме го погодил градот Ријтинген, место каде се повредени пет лица. Пожарникарите ја пумпале водата од поплавените подруми во куќите и ги отстранувале откорнатите стебла од патиштата.