Пица за Италија, Дракула за Романија и Чернобил за Украина. Вака јужнокорејска телевизија ги опишуваше нациите на церемонијата на отворање на Олимписките игри во Токио, пренесе ВВС.
Подоцна оттаму им се извинија на навредените гледачи поради поплаките, според кои визуелните содржини биле навредливи и смешни.
Од каналот информираа дека сакале да им олеснат на гледачите брзо да ги препознаат земјите, но дека тоа било „неоправдана грешка“.
Во изјава објавена на Твитер, од телевизијата велат дека одлуката покажува недостиг на внимание за засегнатите земји.
Обајва на Твитер од хонорарниот новинар Рафаел Рашид привлече големо внимание на „уникатните“ описи.
Кога спортистите на Хаити се појавиле на стадион, на пример, на екранот било напишано дека земјата е „со нестабилна политичка ситуација поради атентатот врз претседателот“. А кога на стадионот излегол сирискиот тим, описот гласел: „Граѓанска војна што трае 10 години“.
Но, ова не е првпат истата телевизија да го направи ова. Таа беше казнета откако користела слични описи и слики на церемонијата на отворање за Олимписките игри во Пекинг во 2008 година. Тогаш за Зимбабве кажаа дека е „земја со смртоносна инфлација“.