Соња Вуксановиќ ја нападнала свршеницата на Жељко Сашиќ

Свршеницата на Жељко Сашиќ, Катарина Лазиќ, тврди дека поранешната сопруга на Аца Лукас, Соња Вуксановиќ, физички ја нападнала во ноќта меѓу саботата и неделата.

Инцидентот се случил пред еден ресторан во Нов Белград. Катарина им открила на медиумите дека Соња прво вербално ја навредувала, а потоа и физички ја нападнала.

„Без причина се залета кон мене и ме шутна. Јас излегов да ја пречекам мојата другарка, а таа стоеше на влезот. Се залета и ме шутна. Почна да ме навредува. Веднаш повикавме полиција и направија записник. Бев во ургентен центар. Тешко ми е да зборувам за тоа што се случи“, вели Катарина.

Според сведоците, Соња ѝ раскажала на полицијата за што се работи и очигледно е дека поранешната сопруга на Жељко Сашиќ сакала преку неа да стекне популарност.

Жељко Сашиќ е прв сопруг на Соња Вуксановиќ, кого го оставила поради Аца Лукас. Од бракот ја имаат ќерката Софија Сашиќ.

 

Scroll to Top