Вилијам Болдвин и Жерар Депардје на Косово ќе снимаат филм за Милошевиќ

Актерите Вилијам Болдвин и Жерар Депардје на Косово ќе го снимаат филмот „Милошевиќ и јас“, посветен на поранешниот српски претседател. Хонорарот кој ќе го добијат двајцата глумци е по 3,8 милиони долари, пишуваат регионалните медиуми.

Филмот е во режија на Албин Курти, а тематиката ќе биде хашкиот трибунал и носењето на српските и албанските затвореници.

Снимањето на филмот „Милошевиќ и јас“ почнува наесен.

Scroll to Top