Иако неделниот показател и понатаму е висок и е многу полош од предвидувањата веќе втора недела постепено, вкупниот број на оние кои добиле надокнада продолжува да опаѓа.
Вкупниот број на приматели, или оние кои трајно добиле надокнада, се намалил за 767.000, односно на 19,52 милиони луѓе. Во рамки на Пандемиската програма за помош на невработените, минатата недела се поднесени 728.120 барања.
The state police said it will be an 8 hour wait from the back of the line to speak to a state employee about unemployment. pic.twitter.com/plGONcpS6n
— Daniel Desrochers (@drdesrochers) June 17, 2020
Минатонеделните показатели покажуваат дека бројот на пријави веќе 14 недела по ред останува над милион, а рекордниот број од 6,9 милиони пријави е забележан во неделата, завршно со 21 март, непосредно откако Светската здравствена организација ја прогласила пандемијата, а поголем дел од американската економија, прекина со работа.
This is the line of people who filed for unemployment in March. pic.twitter.com/yaLrWurVmb
— Daniel Desrochers (@drdesrochers) June 18, 2020
Here’s the line for everyone else. pic.twitter.com/IlgUd6GgPt
— Daniel Desrochers (@drdesrochers) June 18, 2020
Пред тоа, барањата за добивање на надокнада, никогаш не биле поголеми од еден милион. Далеку најголем број на барања поднесени се во Калифорнија 45.930. Во последните 3 месеци во Америка, речиси 46 милиони луѓе останале без работа поради пандемијата со коронавирус.