Британија загрижена поради масовното самоубиство на војниците

Петмина британски војници кои биле ангажирани на фронтовите ширум светот починале во рок од седум дена. Како што пренесува „Сандеј тајмс“, британските војници починале во периодот од 26 септември до 1 октомври.

Сите починале во трагични околности. Наведените борци служеле во Северна Ирска, Босна и Херцеговина и Авганистан. Британските власти навеле дека ќе биде направен извештај за наведените самоубиства.

Исто така властите најавија дека сите случаи ќе бидат детално истражени и дека ќе се откријат причините за смртта на сите воени лица.

Во соопштението испратено до јавноста, исто така, е објавено дека процентот на самоубиства на борци е пораснат во последните години.

Како што е наведено во досегашните извештаи, во Велика Британија во последниот период има сè поголем број вести во медиумите за нееднаков третман на борците кои имаат посттрауматски стрес PTSD.

 

Scroll to Top