Девојче добило награда од областа на нуклеарна наука

By

8-годишната Сочил ја добила „Женската награда“ од Институтот за нуклеарна наука за нејзините научни достигнувања. Сочил Гвадалупе Круз е 8-годишно девојче од Чиапас, Мексико. Таа оди во 3. одделение и уште од најрана возраст покажувала интерес за науката. На 4-годишна возраст била дел од Програмата за таленти на Мексико (PAUTA) за интелектуално напредни деца и токму ова ѝ го отворило патот кон нејзините неодамнешни достигнувања.

dobivaj vesti na viber

8-годишно девојче добило награда за нуклеарна наука

„Многу сум среќна за ова награда. Никогаш не мислев дека ќе стигнам до овде. Ова е неопислива емоција“, изјавила Круз.

Програмата за таленти на Мексико е под раководство на Националниот автономен универзитет на Мексико и нејзината цел е да ги развие способностите за наука кај деца и тинејџери. Програмата користи ментори кои „посвојуваат“ деца и им нудат водство и менторство за нивните научни проекти од кои општеството би имало некаква придобивка.

8-годишно девојче добило награда за нуклеарна наука

Сочил добила неколку награди откако добила ментор, вклучувајќи го и првото место во 2017 за нејзиниот проект „Топла бања“. Таа ја искористила својата дарба за да си помогне во својот дом. Со помош на нејзиниот татко изградила соларен бојлер за вода користејќи 2 стаклени врати, неколку шишиња, црево и резервоар. Идејата за бојлерот дошла како резултат на нејзината  загриженост за околината.

„Постојат луѓе со малку ресурси кои никако не можат да купат систем за загревање. Па тие сечат дрва за огрев, а на тој начин го повредуваат светот“, изјавила Сочил.

8-годишно девојче добило награда за нуклеарна наука

Државниот координатор на програмата за таленти, Ирадиер Сантијаго, изјавил дека многу деца со одлични академски и научни способности во Мексико не го добиваат она што им е потребно. Тој вели дека причината за тоа е недостигот од ресурси кои се овозможени од локалната влада, како и семејствата кои често не ги сфаќаат или не ги негуваат талентите на децата.

Таткото на Сочил смета дека сите семејства треба да ги поддржуваат малечките кои се иднината. Исто така изјавил дека безусловно ја поддржувал својата ќерка уште од почетокот.

Дали знаете како се освојува Нобелова награда?

Ќе ви се допадне