Џо Бајден ја менува декорацијата во Белата куќа

Новата администрација на Џо Бајден, новиот претседател на САД, покрај државната политика, ја промени и декорацијата внатре во Белата куќа.

Новиот изглед изгледа забавен, но истовремено е ставен и личен печат, пренесува „Индепендент“. За време на инаугурацијата 90 припадници на персоналот во Белата куќа почнале да го вселуваат семејството Бајден за што им биле потребни пет часа.

Семејството Бајден не планира целосно да го измени изгледот на Белата куќа или да доведе личен декоратер. Но, тие имаат сменето некои детали и веројатно ќе вложат милион долари за да ја преуредат една од најпознатите згради во светот.

Една од промените е статуата на легендарниот борец за права на фармерите, Сезар Чавез, кој се наоѓа зад претседателската маса во Овалната соба.

„Ставањето статуа на мојот татко во Овалниот кабинет симболизира нови денови, нова надеж за нашата нација. Ова го говорам не затоа што тоа е чест на мојот татко, туку затоа што тоа претставува вера и охрабрување за сите луѓе во чие име тој се борел“, изјавил Пол Чавез, синот на Сезар, за Ен-би-си.

Исто така, во Овалниот кабинет ќе бидат поставени и статуите на Роуз Паркс и Еленор Рузвелт, а портретот на поранешниот претседател Ендру Џексон ќе биде заменет со портретот на Бенџамин Френклин.

Место во Белата куќа ќе има и за кучињата на Бајден – Чемп и Мејџор, откако семејството Трамп беше првото што по долго време немаше домашни миленици.

Не постои официјална најава дека ова ќе се случи, но многумина ургираат кај Бајден да ја вратат старата градина во Белата куќа по контроверзните промени што ги донесе поранешната прва дама, Меланија Трамп. Таа ги тргна билките за да стави плочи за шетање.

 

Scroll to Top