Директорот на „Твитер“: Забраната на налогот на Трамп беше исправен, но и опасен преседан

By

Извршниот директор на „Твитер“, Џек Дорси изјави дека забраната на налогот на американскиот претседател Доналд Трамп, била исправна одлука на компанијата, но истовремено и опасен преседан. Тој вели дека таквата одлука би можела да има долгорочни негативни последици.

„Не сум горд на забраната на налогот на Доналд Трамп, ниту како дојдовме до тоа. По јасното предупредување дека ќе го направиме тоа, ако продолжи со тоа што го правеше, се одлучивме таков потег на основа на информациите кои ги имавме“, напишал Дорси.

Тој смета дека тоа била исправна одлука на „Твитер“, затоа што Трамп, преку своите пораки создал ситуација која ги довела во опасност животите на луѓето.

„Бевме соочени со невообичаени и неодржливи околности. Бевме приморани да превземеме чекори поради јавната безбедност. Штетата која беше направена во вистинскиот живот, беше поради тоа што беше кажано и напишано“, истакнал директорот на „Твитер“.

Сепак Дорси додакде дека блокирањето на налогот на Трамп, не бил ни од далеку најдобрата одлука која ја донеле и тој истата ја опиша како неуспех на „Твитер“ за да промовира здрава расправа.

Според неговите зборови, таквите потези ја разбиваат јавната расправа, ги поделуваат луѓето и ја ограничуваат можноста за објаснување и учење. Освен тоа, тој нагласи дека таквата одлука може да предизвика сериозни последици.

Тој додал дека ваквите потези можат да станат опасен пресдан, кој покажува колку моќ може да има еден поединец ики корпорација над јавната дискусија на глобален план.

Голем број светски лидери, како германската канцеларка Ангела Меркел, го критикуваа овој потег на „Твитер“, да го укине налогот на американскиот претседател.

 

Ќе ви се допадне

Watch That Time I Got Reincarnated as a Slime (Dub) Episode 24 (https://gogoanime.be/m/aYXW/ep-24) at website https://gogoanime.be. See more gogoanime1

Watch Back Arrow Episode 1 at website https://crunchyrollfree.com. See more crunchyroll free anime