Додека Ел Чапо е во затвор неговата сопруга ужива во крвавите пари

Сопругата на Ел Чапо, Ема Коронел (29), ужива во луксузот што ѝ го овозможи нејзиниот сопруг, додека тој е во затвор во Њујорк, каде што го чека судење.

Мексиканската кралица на убавината, како што е позната во Мексико, редовно го прикажува својот гламурозен живот на фотографиите обајвени на социјалните мрежи.

Последните неколку месеци оваа девојка сподели фотографии од плажа во бикини, од одморот во Лос Кабос, а се пофали и со своите чанти „прада“.

Ема покажа и фотографија од своите ќерки близначки, а секоја од нив носела по една чанта од споменатиот дизајнер.

Ема  приреди и раскошна роденденска забава за своите девојчиња Емали и Марија, а тема на журката била куклата Барби. На забавата сè било украсено во розова боја. Сите балони, колачите, па дури и бонбоните биле во розова боја, пренесува „Дејли мејл“.

Некои Мексиканци ја обвинија Ема дека сè што знае да прави во животот е да ги троши тешко стекнатите пари на нејзиниот сопруг, мексиканскиот крал на дрогата.

„Целата приказна со неа е неверојатна. Таа се шета наоколу и се расфрла со богатството што нејзиниот сопруг тешко го има стекнато“, вели пензиониран агент на ДЕА за „Њујорк пост“.

Кралот на дрогата се наоѓа во затвор во Њујорк откако Мексико им го испорача на САД минатата година.

Ел Пачо е обвинет за 17 злосторства, меѓу кои и водењето на опасниот картел „Синалоа“ и траспорт на најмалку 200 000 килограми кокаин од Мексико во САД.

Ема се омажила за Ел Пачо во 2007 година, а медиумите пренесуваат дека таа сега е американска државјанка.

Нивните ќерки Марија и Емали се родени во САД, но живеат на имотот на својот татко во државата Синалоа.

Во текот на минатата година Ема и ќерките повеќепати се забележани како доаѓаат на суд во Њујорк.
Новото рочиште за Ел Пачо е закажано за 5 ноември, иако неговите адвокати инсистираат на одложување, затоа што велат дека не можат да ги подготват сите документи за судењето. Се очекува процесот да трае четири месеци.

 

 

Scroll to Top