ЕУ од јули воведува царина на увоз на американската роба

Европската унија соопштила дека од јули ќе почне со воведувањето на царини за увоз на американската роба, како одговор на одлуката на претседателот на САД Доналд Трамп, да воведе такса на увозот за челик и алуминиум од Европа.

Потпретседателот на Европската комисија Марош Шефчовиќ денеска изјавил дека листата на американските производи на кои ќе биде воведена царина, би требало да биде готова овој месец и дека примената на новите такси ќе почне од јули.

ЕУ наведува дека ќе воведе урамнотежување на царината на американската роба во вредност од 2,8 милиајрди евра, а меѓу кои ќе бидат ставени и челикот, земјоделските производи, бурбонот, путерот од кикирики и сокот од портокал.

Унијата минатата година увезла 5,5 милиони тони челик во САД. Европските производители на челик се загрижени поради губитокот на пристап до тој пазар, но стравуваат и дека челикот од другите земји ќе ја преплави Европа.

Scroll to Top