(Фото) Поради милионски долгови Трамп го продава хотелот во Вашингтон

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп повторно го понудил својот хотел на продажба. Хотелот се наоѓа на Авенијата Пенсилванија во Вашингтон.

Како што пишуваат американските медиуми, Трамп не е сопственик на зградата, туку долгогодишен закупец. Тој има загуби кои се проценети на 1,1 милијарда долари, а кои се направени за време на пандемијата со коронавирусот.

Приходите од неговите компании се намалени значително, затоа што хотелите се празни, исто како и голф-терените, додека раст е забележан само кај продажбата на недвижности.

Продажбата на хотелот со 263 соби не е за изненадување, пишуваат медиумите. Трамп, откако си замина од Белата куќа, има големи проблеми со парите. Тој неодамна зема позајмица од 1,2 милијарди долари, на име на висококатницата во Сан Франциско, еден од неговите највредни имоти.

Трамп за хотелот бара околу 500.000 милиони долари. Тој целата работа околу продажбата му ја доверил на неговиот син Ерик. „Вашингтон пост“ пренесе дека Трамп се обидел да го продаде хотелот во Вашингтон уште во 2019 година, но тогаш немало заинтересирани купувачи.

За време на пандемијата приходите на хотелот паднале за 62%. Некои медиуми пренеле дека Трамп сака по секоја цена на зградата од хотелот да остане името на неговата компанија и по продажбата.

Scroll to Top