(Фото) Старлета ги скрши двете стапала на одмор, нема да може да стои на нозе шест месеци

Британската старлета и некогашна пејачка, Кејти Прајс, додека била на одмор во Турција ги скршила двете стапала. Кејти се повредила за време на посета на еден тематски парк, каде што била со момчето и двете деца. Таа скокнала од еден ѕид, па така и ги скршила стапалата.

„Да, вистина е. Морам да ги оперирам двете стапала и ќе ми вградат шипки. Нема да можам да стојам на нозе од 3 до 6 месеци“, напишала Кејти на сликата што ја објави на „Инстаграм.

Според британските медиуми, таа цела ноќ ја поминала во болница со скршеници на петите, а откако ќе се врати во Британија ќе мора да направи операција.

 

Scroll to Top