Го снимила синот, а во позадина авион удира во Кулата близначка

На 11 септември 2001 година, е ден кој на луѓето ширум светот им се врежа во сеќавање. Тоа беше најсмртоносниот терористички напад на тлото на Америка, а околу 3000 луѓе загинаа кога два авиони се срушија во Кулите близначки.

За време на сите овие години, во јавноста се појавија голем број на слики од овој напад, меѓу кои беа и оние фотошопирани, и не ги прикажуваа реалните ужаси.

Разбирливо е што секој пат кога ќе се пуштеше нова фотографија од 11 септември, се јавуваше скептицизам.

Случно се случило и кога еден корисник на Редит постирал таква фотографија. На неа е прикажано дете, а во позадина може да се забележи една од Кулите близначки од која излегуваше густ дим, очигледно снимена по нападот.

„Се викам Остин Сансон и живеам на Менхетен, а ова е мојата слика од 2001 година. Имав тогаш 4 години. За сите кои ме прашуваат дали сликата е лажна или не, за жал, можам да ви кажам дека е многу реална“, напиша момчето на Редит.

Објасни дека тоа утро мајката го сликала и дека верува дека успеала случајно да ја фати сликата неколку моменти по ударот на авионот. Поради тоа што на сликата можеа да се видат луѓе како шетаат, се претпоставува дека во тој момент се уште не знаеле во каков ужас се работи.

Scroll to Top