Го загубила памтењето и плаче секој пат кога ќе и кажат дека сопругот ја оставил

Жената која поради болеста го изгубила паметењето, плаче секој пат кога ќе ја потсетат дека сопругот ја оставил, пишува Дејли Мејл.

Вероника Мешерјкова (29) од Казан во Русија пати од дегенеративна болест профирија, поради која го изгубила краткорочното паметење.

МИСЛИ ДЕКА СОПРУГОТ Е НА РАБОТА

Поради тоа не се сеќава дека сопругот се разведол од неа во ноември минатата година и дека секој ден некој мора повторно да и соопшти дека тој нема да се врати дома од работа.

И двајцата се венчале пред Вероника да се разболи, а причината поради која тој побарал развод засега не е објавена. Таа секој ден мисли дека тој е на работа, а секоја вечер мајка и мора од поново да и каже дека ја оставил, по што таа почнува да плаче.

НЕКА И КАЖАТ ДЕКА ТАА НЕГО ГО ОСТАВИЛА

Нејзината приказна е објавена во руските медиуми, а многубројни читатели изразиле соучество со неа.

„Толку ми е жал, што и мене ми се плаче“, коментирал еден корисник на социјалните мрежи, додека друг предложил да и кажат дека таа него го оставила.

УЧИ ДА ОДИ ОД ПОЧЕТОК

Освен губењето на памтењето, Вероника поради болеста мора повторно да учи да оди, а нејзината мајка која е со неа во текот на терапијата, се надева дека ќерка и наскоро повторно ќе прооди и ќе се смири со поранешниот сопруг.

Профирија инаку е група на пореметување кое предизвикува пореметување на ензимите и како резултат на тоа доаѓа до собирања на профирин кој помага во работата на црвените крвни зрнца. Порфиниот е многу важен, но кога во телото ќе се насобере преголемо ниво на истиот, може да предизвика пореметување во нормалното функционирање на нервниот систем.

 

Симптомите вклучуваат болки во стомакот, нозете, мускулите, халуцинации, проблеми со дишењето, ориентација, напади и нарушен ритам на срцето.

 

Scroll to Top