Гореше кулата на Доналд Трамп

Во пожарот кој избил на 50 кат на кулата на Трамп, настрадал еден маж.

АП, наведува дека комесарот од њујоршката противпожарна служба Данијел Нигро изјавил дека причината за избивањето на пожарот засега не е позната. Тој дополнил дека кога пожарникарите стигнале, забележале густ црн дим од собата која буквално горела целата.

„Како што можете да замислите беше многу тежок пожар. Станот прилично е голем“, изјавил Нигро пред новинарите пред небодерот кој се наоѓал на Менхетен.

Се наведува дека жртвтата во пожарот бил 67 годишниот Тод Браснер, кој починал на пат во болница, а АП дошол до податоци дека Браснр бил трговец на уметнички дека, кој станот во кулата на Трамп го купил во 1996 година.

Американскиот претседател се огласил на Твитер набрзо по објавената вест за избивање на пожарот.

„Пожарот во кулата на Трамп е изгаснат. Веднаш беше ограничен поради самата изградба на кулата. Пожарникарите, меѓу кои имаше и жени, извршија извонредна работа. ФАЛА ВИ!“, навел Трамп на социјалните мрежи.

 

 

Scroll to Top