Најмладиот брат на американскиот претседател Доналд Трамп, Роберт бил примен во болницата во Њујорк, пренесува ABC News. Според изворите, Роберт бил многу болен, но засега деталите за неговата состојба не се познати.
Висок претставник во администрацијата на претседателот, изјавил во јавноста дека во наредниот период се очекува Трамп да го посети брат му во болницата.
Претставникот за медиуми во Белата куќа, Кејли Мекени, ја потврди информацијата за хоспитализацијата на Роберт, додавајќи дека двајцата се во одлични односи и дека претседателот во наредниот период ќе излезе со повеќе детали.