Измамници понудиле 10 милиони евра на аукција за капитенската лента на Роналдо

Група на измамници во Србија, се обиделе со лажни понуди на аукција да дојдат до капитенската лента на Кристијано Роналдо. Лентата беше дадена на аукција за хуманитарни цели, а парите кои ќе бидат собрани ќе бидат донирани за лекување на малиот Гаврил Ѓурѓевиќ.

На неговите родители им се потребни 2,5 милиони долари за да можат да ги платат болничките трошоци за нивниот син кој пати од спинална мускулна атрофија. Сепак некои измамници се обиделе со лажни понуди да дојдат до неа.

Некои од нив понудиле 1,28 милијарди динари, околу 10 милиони евра. Подоцна било откриено дека станува збор за лажни профили. За потсетување, хуманитарната организација „Заедно за живот“, ја стави на аукција лентата на Роналдо, кој ја фрли на крајот од мечот со Србија.

Капитенската лента на Кристијано Роналдо заврши на аукција за хуманитарна помош

Scroll to Top