Како да ги исчистите ‘рѓата и дамките на кадата       

Многу домаќинки знаат што е ‘рѓа и колку тешко се отстранува.

Потребно е веднаш да се преземат мерки за решавање на тој проблем бидејќи колку се дамките постари толку потешко се отстрануваат.

Наместо скапи и штетни хемикалии, можете да користите состојки што веќе ги имате во својата кујна, винска киселина и сол.

Од овие состојки се приготвува раствор за отстранување темни дамки и ‘рѓа од емајлирана када:

– Во еден сад ставете 100 мл винска киселина и 2 супени лажици сол.

– Растворот се загрева во микробранова печка или на шпорет до температура од 60-70 степени.

– Со добриениот раствор се пребришуваат дамките на кадата со помош на мека ткаенина.

– Се остава да дејствува околу 15-20 минути.

– Потоа се мие со топла вода.

Процесот е многу ефикасен ако го извршите на време. По потреба повторете неколкупати едноподруго, а резултатот нема да изостане.

Ова е природен и безбеден начин за отстранување на ‘рѓата и дамките од када.

Од хемиски средства може да користите и обична солна киселина.

Но, пред да ја нанесете на проблематичните делови, заштитете ги деловите што содржат хром со најлонска кеса.

Солната киселина се истура директно врз дамките и се остава еден час, па потоа темелно се мие со поголемо количество вода.

Неопходно е да се запамети дека при чистењето не смеете да користите остри сунѓери и абразивни средства бидејќи доаѓа до уништување на горниот сјаен слој на кадата.

Scroll to Top