Дописничката на „Вашингтон пост“ Ана Филфилд, во својата книга „Боженствената совршена судбина на брилијантниот другар Ким Џонг-ун“, открива дека севернокорејскиот лидер од филмовите со Клинт Иствуд ја добил идејата да има човечки штит и телохранителите постојано да трчаат околу него.
„Како момче го гледал филмот „На линија на огнот“ In The Line of Fire, во кој Иствуд го глуми агентот од американската известувачка служба, кој го чува американскиот претседател Џон Ф. Кенеди, кога е убиен во 1963 гдина. Ликот на Иствуд заедно со другите агенти постојано трачаат покрај претседателската кола“, објаснува Ана.
Секој пат кога Ким ќе се појави во јавност, особено на некои големи и важни самити во странство, светот ги гледа снимките со неговите телохранители кои постојано трчаат покрај неговото возило.
Телохранителите на Ким беа голема атракција минатата година во Сингапур, каде севернокорејскиот лидер се состана со американскиот претседател Доналд Трамп. Од тогаш јавноста имаше можност да ги види уште неколкупати.
Исклучително е тешко да се стане телохранител на севернокорејскиот лидер. Според зборовите на Лиј Јонг Гук, телохранителите на покојниот Ким Џонг-ил, таткото на сегашниот лидер, да се стане чувар на лидерот е потешко и отколку да минеш низ иглени уши.
Кандидатите се бираат од редовите на војската и мораат да положат низа на тестови, а се оценува здравјето, видот, изгледот, личноста, семејната историја.
„Мораат да имаат извонредни политички препораки и да потекнуваат исклучиво од најлојалните семејства“, се наведува во книгата.
Исто така мораат да бидат со слична висина како и Ким и да спаѓаат во групата на ретки граѓани кои смеат да носат оружје во негова близина.