Ким Џонг-ун во знак на добра волја ќе ослободи тројца американски затвореници

Лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун, донел одлука да ослободи од заробеништво тројца Американци, објави американскиот претседател, Доналд Трамп, на својот твитер-профил.

Станува збор за постапка на Ким во знак на добра волја пред средбата со Доналд Трамп.

Трамп изјави дека кога ќе се врати во САД, ќе се состане со ослободените Американци и со државниот секретар Мајк Помпео, кој заминал во Пјонгјанг во рамките на подготовките пред планираната средба на двајцата лидери.

„Драго ми е што можам да ве известам дека државниот секретар Мајк Помпео налето се враќа од Северна Кореја со три лица што со нетрпение очекуваме да ги видиме. Изгледа дека се во добра здравствена состојба. Исто така, договорени се времето и местото за состанок со Ким Џонг-ун. Многу сум возбуден“, напишал Трамп на „Твитер“.

Scroll to Top