Ким најави драматичен пресврт во односите со Јужна Кореја

Севернокорејскиот лидер, Ким Џонг Ун, изјави дека има цврста волја за силна промена и дека сака да напише нова историја за национално обединување со Јужна Кореја, а тоа го порача на делегацијата на високи јужнокорејски официјални лица, кои го посетија Пјонгјанг, објави севернокорејската новинска агенција KCNA.

Ким со јужнокорејската делегација се состанал во понеделникот, пренесува „Ројтерс“.

„Кога јужнокорејскиот претседател  слушнал за намерата во врска со самитот од специјалниот пратеник на јужниот сосед, Мун Џае Ин, разменил неколку ставови со делегацијата, по што бил постигнат задоволителен договор за двете страни“, наведува KCNA не прецизирајќи за каков договор станува збор.

Севернокорејската агенција додава дека Ким дал важни инструкции до надлежната служба за  брзо да преземат практични чекори за таа цел.

„Исто така разменил и темелни ставови во врска со прашањата за ублажување на жестоките воени тензии на Корејскиот Полуостров и активирање на повеќестраничниот дијалог, контакти, соработка и размени“, се заклучува во извештајот на севернокорејската агенција.

 

Scroll to Top