Воздухопловството на Кина соопштило денеска дека спроведува летачка обука во областа околу островот Тајван, која, како што е наведено, означува „историски чекор“ во борбените способности на Кина.
На официјалниот микроблог на Воздухопловството е наведено дека меѓу другите полетале и ловци, авиони за електронско извидување и бомбардери со долг дострел H-6, и тоа од различни бази.
Наведено е дека авионите летале околу Тајван, прелетувајќи го каналот Баsи на југ и протокот Мијако на север, во поморската граница со Јапонија.
China’s air force says it sent multiple aircraft, including the H-6K bomber, to patrol around Taiwan island on Thursday pic.twitter.com/axqA4IwpyW
— People’s Daily,China (@PDChina) April 26, 2018
Во извештајот е наведено дека портпаролот на Воздухопловството на Кина, Шен Џинке, изјавил дека воздухопловните сили на Кина „имаат цврста волја, целосно убедување и доволно способност да ги заштитат националниот суверенитет и територијален интегритет“.
Пекинг смета дека Тајван е неодвоив дел од Кина.
Повеќето земји во светот го признале Тајван во 60-тите години од минатиот век, но сега го имаат признаено само неколку држави.