Кога Сторми Даниелс ќе излезе на сцена во стриптиз клубот, летаат доларите

По 23 часот, стриптиз клубот во кој настапува порно актерката Сторми Даниелс се заклучува. По реакцијата на посетителите, јасно е дека на сцена не излегува само обична стриптизета. Тоа е Сторми Даниелс, жената која наводно сексот за една ноќ со Доналд Трамп во 2006 година, ја претвори во една од најпознатите стриптизети во Америка.

Облечена во противпожарен костум и кацига на главата, покриена со зелени и црвени неонски светилки, во клубот Пентхаус во Филаделфија, Сторми Даниелс ја почнува својата стриптиз точка со песната „Burning Down the House“.

Откако американскиот печат откри дека адвокатот на Трамп, на Сторми и платил 130.000 долари, за да молчи и на тој начин да не влијае на претседателските избори, се чини дека Сторми Даниелс, односно Стефани Клифорд, како што и е нејзиното вистинско име, би можела да запали една друга куќа. Овој пат станува збор за Белата куќа.

„Навистина заслужи“, изјавил Ховард (58) еден од посетителите во клубот, кој не сакал да го открие целосно својот идентитет. Ховар почнал да објаснува што мисли за светскиот настан кој ја потресе Белата куќа, истовремено ставајќи пари во танката. На крајот со лицето заврши во бујните гради на Сторми.

Иако Трамп и неговиот адвокатски тим, очигледно не се снаоѓаат премногу добро во целиот случај и последните денови даваат конфузни и контрадикторни изјави за исплатата на Даниелс, малку кој смета дека стриптизерката би можела да биде закана за американскиот претседател.

„Нема шанси. Го сакам. Се надевам дека ќе ја исправи оваа земја“, изјавил Мајк Савчук (72), кој како што вели ја обожава Сторми, но повеќе го обожава Трамп. Тој додал дека и поранешните претседатели, Кенеди и Клинтон, ги следеле сексуални скандали.

Ховард исто така мисли дека Трамп ги има работите под контрола.

„Таа е сепак само стриптизета“, изјавил Ховард.

Трамп го негира односот со Сторми Даниелс, која претходно снимала и порнографски филмови. Таа тврди дека со Доналд Трамп поминала бурна ноќ во 2006 година, само неколку месеци откако неговата трета сопруга, сегашната американска прва дама Меланија, го родила нивниот син Барон.

Зад една маса во стриптиз клубот седи еден млад пар, кој вообичаено не посетува вакви места, но во Пентхаус пристигнале за да одблиску ја видат жената која му се спротивставила на најмоќниот човек на светот.

„Тој веќе се извлече од целиот настан“, изјавила 27 годишната девојка, мислејќи на Трамп и додала дека некој мора да го сруши, но не верува дека тоа ќе биде Сторми Даниелс.

А таа на работното место одбива да ја меша работата и политиката.

Подоцна се пресоблекува и ги потпишува своите цедиња, списанија и автограм кои ги наплатува по 10 долари. Обожавателите можат да купат маица и со нејзиниот лик за 25 долари. Селфињата ги наплатува по 20 долари.

Без нејзиниот адвокат Мајк Авенати, таа одбива да дава изјави за новинарите.

„Не ги сакам новинарите“, изјавила Сторми со насмевка.

 

 

Scroll to Top