Готвените говедски ребра и слатко-киселото крцкаво свинско месо, меѓу другото, беа на менито на работниот ручек меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун.
Menu for Trump/Kim Jong-un working lunch:
Prawns, short ribs, pork fried rice, ice cream.
Detailed menu: pic.twitter.com/fN4DmaO5ik— Mark Knoller (@markknoller) 12 June 2018
На менито што било објавено од страна на Белата куќа, Трамп и Ким можеле да уживаат во многубројни предјадења, меѓу кои биле и коктели од шкампи и салати од авокадо, салати од зелено манго прелиени со лимон и мед и свеж октопод, како и корејски специјалитет со полнети крставички.
Главното јадење вклучувало зготвени говедски ребра, послужени со сечен компир запечен во млеко и варени брокули, слатко-кисели крцкави парчиња свинско и пржен ориз во лут сос.
За десерт лидерите на двете земји и членовите на нивните делегации можеле да избираат меѓу колач од црна чоколада, сладолед од ванила со прелив од вишна и брокули полни со крем.