Американската агенцијата „Галуп“, која се занимава со истражување на јавното мислење, неодамна спроведе традиционална анкета која влијаеше врз создавањето на најновиот светски извештај за среќа.
Според добиените резултати, Македонија се наоѓа меѓу најсреќните места за живеење. Таа се најде на 75. место од вкупно 95 рангирани земји.
Како што се вели во извештајот, најсреќно место на Балканот е Хрватска, која се најде на 23. место со оценка 6,51, а зад неа за неколку места е Словенија на 26. место со оценка 6,46. Потоа следува Косово на 31. место, Србија на 42. место, Босна и Херцеговина на 58. место и Албанија на 63. место, додека Македонија е најдоле рангирана, односно се наоѓа на 75. место.
Додека од земјите надвор од границите на Европа, само Нов Зеланд се најде меѓу првите десет, додека САД се искачи на 14. место, а Канaда падна на 15. позиција. Во Азија најдобро се живее во Тајван којашто се најде на 19. место, а во Африка најдобро место за живеење е Нигерија којашто се најде на 59. позиција.