Матурантките на Земјоделската прехранбена школа во Хрватска на последниот ден од наставата пристигнале со трактор.
Катарина Аугустиновиќ и Сара Пус се свесни дека земјоделството не е атрактивно и привлечно за денешната младина, па одлучиле на необичен начин да се забавуваат на Норијада (традиционалниот собир на матурантите во Хрватска по завршувањето на школувањето) и да покажат дека се гордеат на работата во полето, што им е од секојдневна активност.
Девојките се вредни и не се срамат од работата со која имаат намера да се занимаваат и во иднина.
А во училиште со трактор доаѓале и претходно оставајќи го на паркингот за време на наставата.