За некои од нас, причината за сексуалното возбудување не мора да биде некој романтичен гест на нашиот партнер, туку понекогаш тоа може да се предизвика и со секојдневни ситници. Без разлика колку долго сте во врска, токму ситниците се она што ја одржуваат врската стабилна.
Доколку сакате да видите дали и вашата партнерка може да се возбуди од некои секојдневни работи, направете ги следните и набљудувајте ја. Ако завршите во кревет – тоа е тоа!
Вашиот глас
Длабокиот глас асоцира на доминација и сила. Женското тело различно реагира на машки гласови и може да си ги поврзе со секс, што не е случај и кога станува збор за женскиот глас.
Вашите раце
Колку се поголеми и посилни рацете на мажот, тоа подобро. Има нешто тајно во тоа кога мажот се поставува посилно од нас и кога силно не прегрнува и крева во своите раце.
Намрштени веѓи
Едно истражување покажало дека на жените помалку им се атрактивни мажи кои изгледаат среќно од оние кои делуваат горделиво и сериозно, па дури и намрштено.
Домашни обврски
Поделбата на домашните обврски стана многу важна за функционирањето на една врска. Праведната поделба на работите значи и емотивна поддршка за партнерот и тоа е причината поради се возбудуваме кога гледаме како партнерот готви, пегла и се грижи за децата.