Метеоролозите најавуваат огромна промена – следуваат обилни врнежи

Времето во Македонија претпладне ќе биде променливо облачно со појава на утринска магла и ниска облачност по одделни котлини. Попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува слаб ветер од западен и северозападен правец. Температурата ќе се движи од четири до девет, а дневната 12 до 18 степени.

Во Скопје претпладне променливо облачно со појава на утринска магла и ниска облачност. Попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Температурата ќе се движи од седум до 15 степени.

В петок ќе има преодно стабилизирање на времето, по одделни котлини со појава на утринска магла и ниска облачност. Од сабота следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет, а ќе дува и умерен јужен ветер. Повеќе врнежи се очекуваат во почетокот на наредната седмица.

 

Scroll to Top